Николовски: Документацијата за изградба на брана на река Отиња ќе биде готова до средината на мај

Николовски: Документацијата за изградба на брана на река Отиња ќе биде готова до средината на мај

До 15 мај се очекува да биде готова целосната документација за изградба на брана на реката Отиња. Општина Штип со средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на документацијата,  по што Штип ќе поднесе и барање за градежна дозвола на овој капитален проект, најавија на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-По добивањето на одобрението за градење ќе аплицираме до Владата за одобрување средства за изградба на децениската желба на штипјани, а тоа е браната на река Отиња, вели Бочварски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски истакна дека како Министерство преку Управата за водостопанство од буџетот за 2018 година дадоа финансиска поддршка за изработка на Студијата за животна средина.

-Ова е доказ дека општината и Владата работат на заокружување на постапката за проектната документација, што е застарена повеќе од 10 години. Направивме ревизија, се прави оваа Студија за заштита на животната средина, вели Николовски.

Тој истакна дека преку Платежната агенција веќе се одобрени и средства за изградба на улици во штипската  населба Стар Карорман во износ од 4.600.000 денари.

о финална обработка е барањето за изградба на пат до село Почивало, каде во мерката за патишта до петкилометри е пред одобрување овој проект. Износот на поддршка од програмата за рурален развој ќе биде 20 милиони денари, а вклупната реализација на Општината заедно со Министерството ќе биде 33 милиони денари,вели Николовски.

Треба да знаете
Последни објави