Светската здравзтвена организација соопшти дека стравува од ширење заразни болести во Либија, поради нечистата вода и големиот број луѓе кои бегаат од борбите.
СЗО додава дека испорачала комплети за прва помош и лекови за болниците и други здравствени установи и дека залихите ќе траат околу две недели, пренесе Ројтерс.
За време на борбите изминатата недела во Либија загинале 75 луѓе, а 323 се ранети, изјавил претставникот на Организацијата во таа земја, Саед Џафар Хусаин.
„Досега од борбите побегнале околу 6 илјади луѓе, но СЗО има планови за вонредни ситуации во случај илјадници или стотици илјади од нив се раселат во акутната фаза на борбата“ рекол Хусаин.