Текила хотел во Мексико: Гостите спијат во буре и пијат колку што сакаат

Хотел во Мексико им овозможува на гостите да спијат во буре со сопствен мини бар.

Во рамки на хотелот има и ресторан сметен во пештера пет мерти под земја, во коj се служи традиционална храна од регионот, како и низа пајалаци и коктели на база на текила.

Објектите на хотелот, пак, се сместени среде поле од билки кои се користат за производството на текила.

Посетителите имаат можност да ги посетат погоните за производство на текила, да дегустираат различни видови од овој алкохолен пијалак, па дури и да направат свое персонализирано шише.

Цената на сместувањето варира во зависност од комодитетот, а најниската изнесува 170 евра.

Треба да знаете
Последни објави