Лидерот на суданскиот воен пуч, Авад ибн Ауф владееше само еден ден и поднесе оставка под притисок на демонстрантите, кои најавија продолжување на револуцијата и порачаа дека не сакаат воена власт.
Тој поднесе оставка еден ден откако дојде на власт со воениот удар, со кој по 30 години владеење беше симнат од власт претседателот Омар ал-Башир.
„Тоа е за доброто на нашата нација“ рекол ибн Ауф и порачал дека на чело на военото собрание, ќе го наследи Абдел Фатах Бурхани, главен инспектор на вооружените сили.
Ал-Башир беше симнат по повеќемесечните противладини протести поради растот на цената на лебот и недостиг на готовина. Демонстрантите по воениот удар рекле дека не се задоволни што на власт дошол ибн Ауф, кој долго време му припаѓал на режимот на ал-Башир.