Членот на ИО на СДСМ, Љупчо Николовски вчера учествуваше на граѓанска трибина во Пробиштип каде со граѓаните зборуваше за реформите преземени од Владата предводена од СДСМ кои државата ја трасираа по вистинскиот пат, како и за аграрните реформи кои го подржуваат земјоделството и земјоделците, поради кои парите се враќаат назад кај граѓаните.
Николовски се осврна на евроинтеграциите и помирувањето со соседите како клучен момент за зајакнување на економијата и напредок на земјоделството.
– Поради се што направивме како Влада успеавме да ја трасираме државата по вистински пат. Оваа година ќе биде година на економијата. Процесите кои ги водевме. успешните евроинтеграции и помирувањето со соседите се докажани низ факти и бројки. Имаме рекорден број странски инвестиции, раст на платите и намалена стапка на невработеност. Во земјоделството продолжуваат мерките што обезбедуваат повисоки субвенции, намалени трошоци на производство и зголеменета државна поддршка. Со започнување на преговорите со ЕУ, се отвораат нови пристапни фондови што обезбедуваат дополнително повеќе пари за земјоделците, порача Николовски.
Николовски потенцираше дека претседателските избори треба да бидат потврда за се’ што е сработено до сега и уште поголем мотив да продолжиме напред.
– На овие избори ќе се потврди дека сме на вистинскиот пат. Граѓаните сакаат напредок и интеграции наместо темнина и изолација, и затоа на овие избори својата поддршка ја даваат за Стево Пендаровски. На граѓаните им треба вистински претседател, партнер на граѓаните, а Стево е токму таков, заклучи Николовски.