Во близина на украинската амбасада во Лондон биле испукани неколку куршуми од огнено оружје, пренесуваат британските медиуми. Според информациите, автомобил во движење намерно се залетал кон возилото на амбасадорот на Украина во Велика Британија.
Весникот „Дејли експрес“ соопшти дека по пукањето во соедната улица, украинската амбасада била опколена од полиција. Од амбасадата ја повикале полицијата откако во паркирано возило намерно налетало друго возило.
На местото на инцидентот стигнале полицајци и о опколиле осомничениот. Почнале да пукаат во него откако одбил да се предаде и продолжил со своето возило да го удира автомобилот на амбасадорот. На крајот тој бил уапсен.