Во услови кога најголем број од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за Северна Македонија ја зголемија од 2, 8% на 3 проценти, се најновите проекции на ММФ. Тоа е знак дека земјата се движи во добра насока, а економијата закрепнува“, коментира Тевдовски.
„Со членството во НАТО, Северна Македонија добива печат на стабилност, оцени министерот за финансии.
„Денарот е стабилен! Нашите платнобилансни проекции предвидуваат натамошна акомулација на девизните резерви и нивно задржување на сосема адекватно ниво, конзистентно со монетарната стратегија којашто ја спроведуваме.Впрочем, ако ги гледаме движењата минатата година, ние имавме значајна акомулација на девизни резерви, а клучен фактор којшто придонесе за тоа се значајните девизни приливи на пазарите, коишто помогнаа за остварување на акомулацијата.” – истакна меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка”, во текот на Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.
Коментирајќи ги состојбите во светската економија и неизвесностите коишто постојат во неа, таа посочи дека е важно што ММФ предвидува забавување на глобалната економска активност, но дека не се работи за рецесија.
Во рамки на средбите во Вашингтон, делегацијата предводена од гувернерката Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, веќе оствари повеќеработни состаноци со високи претставници на меѓународните финансиски институции и организации.