Велешанец тешко повреден- излетал од патот со мотор

На 12.04.2019 година во 18,30 часот на патот од с.Пепелиште кон армискиот полигон „Криволак“, во близина на бензинска пумпа, Н.С(61) од с.Криволак, управувајќи мотоцикл „Shineray 125“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Н.С се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Неготино.

Треба да знаете
Последни објави