Ова е жената за која зборува целиот свет
Фотографијата од една девојка во Судан стана симбол на борбата во таа земја, и многу брзо стана хит на социјалните мрежи.
Направена е на демонстрациите против претседателот Омал ал-Башар, а на неа се гледа жена во бел фустан, со прстот вперен кон небо како и толка луѓе кои со своите телефони се обидуваат да ја сликаат.
Фотографијата е објавена во вторникот на Твитер од страна на Лана Х. Харун, а се работи за девојката која се вика Алаа Салах (22) која е студентка и активистка
Таа на социјалните мрежи е наречена „Статува на слободата на Судан“.