Младите луѓе не треба да се цело време со мобилните телефони, рекол 82-годишниот папа Франциск, за време на средбата со група италијански тинејџери.
„Ослободете се од зависноста од мобилните телефони“ им рекол папата на учениците од средното училиште Висконтија.
„Сигурно сте слушнале за трагедиите поради зависноста, а зависноста од мобилните телефони е многу, многу суптилна“ рекол поглаварот на Католичката црква.
Тој нагласил дека мобилните телефони се навистина исклучителна помош и напредок, дека треба да се користат и дека е добро да се знае како се користат. „Но еднаш кога ќе станете слуга на својот мобилен телефон, ја губите својата слобода“ нагласил папата.
Тој ја повикал својата публика да „не се плаши од тишината и самотијата, не секогаш нормално, бидејќи, тоа не е добро за луѓето, но повремено човек треба да одвои време само за себе“.
Уште во 2017 година папата се желел за користењето на мобилните телефони за време на миса, нагласувајќи дека многу се натажува кога ќе види луѓе како го користат мобилниот за време на верски служби, вклучително и многу свештеници и бискупи.
„Ве молам, мисата не е претстава!“ тогаш рекол папата, потсетувајќи дека свештеникот кој ја предводи мисата вели: „Отворете ги своите срца, а не : Уклучете ги своите мобилни и снимајте фотографии“.