На 12.04.2019 година во 18,40 часот на граничен премин ,,Табановце“, на влез во Република Северна Македонија, по извршена пасошка контрола констатирано е дека Д.П (56) од Република Србија, со српска лична карта и патничко моторно возило марка „Ауди Q5“ со српска национална ознака, сопственост на неговата ќерка М.П., е предмет на потрага поради сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“. Лицето е приведено.