Продолжува променливото и облачно време со повремен дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи, особено попладне. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и јужните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.

Треба да знаете
Последни објави