Уапсен Србин осомничен за воени злосторства во Косово

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека врз основа на претходно распишана потерница вчера е уапсено лице од српска националност, осомничено за извршени воени злосторства во војната во Косово во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, лицето со иницијали З. К. се сомничи за извршени злосторства врз цивилно население во селото Горно Неродиме во општина Урошевац.

Со одлука на надлежен обвинител, на осомничениот му е одреден 48-часовен притвор.

Треба да знаете
Последни објави