Aрсенал можеби изненадувачки да ја добие битката за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, вели француското издание „Екип”.
Сагата околу Шпанецот е голема, бидејќи „црвените ѓаволи” сакаат по секоја цена тој да потпише нов договор, но не му даваат толку добри услови. Од друга страна, пак, Ерера има голема понуда од ПСЖ – тригодишен договор и 180 илјади фунти неделно. Тој може да се пресели во францускиот главен град без пари, бидејќи неговиот договор со Јунајтед е до летото.
Во меѓувреме, сепак, тимот од Лондон сериозно интервенирал во борбата за неговиот потпис и можат да го привлечат без пари. „Топџиите” планира да го отвори ќесето за да го земе халфот, кој може да се покаже како наследник на Арон Ремзи.
Не е јасно, сепак каква плата ќе му понудат Арсенал, но во секој случај сосема веројатно е таа да биде солидна, бидејќи сепак тимот ќе го привлече 29-годишниот фудбалер без трансферна сума