Силјановска од здравствени причини пропушти митинг во Крушево
Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, го пропушти вчерашниот митинг во Крушево, па ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го одржа истиот без нејзино присуство.
Професорката на Фејсбук објави дека не можела да присуствува на истиот поради здравствени причини. Таа им се извини на своите симпатизери и поддржувачи во Крушево што вечерта не можеше да ги удостои со совето присуство во рамките на кампањата за претседателските избори.
Силјановска се извини за отсуството и вети дека ќе се дружи со крушевчани во вториот круг на изборите.
„Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам“, напиша Силјановска.
Претходно таа беше на митингот во Прилеп.