Охриѓанецот Д.А.(57) бил псасен од полицијата откако паднал на непристапен терен помеѓу месноста Лабино и Канео во Охрид.
Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 13.30 часот во СВР Охрид .
Полициски службеници од езерската полиција, со чамец пристигнале не местото и го извлекле повредениот охриѓанец. Најпрвин тој бил пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош бил однесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди .