ЦКРМ-Општинската организација на Црвен крст Карпош повеќе од 15 години наназад е вклучена во реализација на Програмата насловена „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ) која се спроведува од страна на Црвен крст на град Скопје, низ територијата на Република Македонија, во 34 Општински организации на Црвениот крст.
Преку оваа програма 30 млади лица од Црвениот крст Карпош секоја година се здобиваат со знаења и вештини, а потоа изработуваат и имплементираат микро проекти наменети за помош и поддршка на ранливи категории на лица и семејства во заедницата во којашто живеат.
Дел од активностите за реализација на овие проекти опфаќаат и одржување на разни хуманитарни акции и настани со цел собирање на парични средства и разни видови производи и предмети со цел намалување на социјалната ранливост на нашите сограѓани или помош и поддршка во определен аспект од секојдневниот живот на разни ранливи категории на население.