Меѓународно признатата либиска влада, позната како Влада на национално единство, соопшти дека денеска соборила авион, кој и припаѓал на Либиската национална армија (ЛНА), предводена од генералот Калифа Хафтар, јужно од главниот град.
-Авион на либиската армија урна непријателски авион, кој се подготвуваше да нанесе удари во областа Вади ал-Араби, изјави портпаролот на ПНС Мохамед Гуну.