Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски е задоволен со ремито иако вели дека тоа е со горчлив вкус бидејќи на крајот имавме шанса да победиме.
-Ние после таа победа во Рејкјавик знаевме дека сега ќе не очекува потежок меч. И во поголемиот дел од овој дуел, тие имаа контрола, но нас овој бод иако е задоволувачки, ни останува горчлив вкус дека имавме шанса за победа. Но, ние во два меча со Исланд не загубивме и на ова треба да се гледа како нов почеток и нов чекор за да го одржиме нивото на ракометната репрезентација, па и да го кренеме. Кога играте за Македонија нема лесни и тешки натпревари, пред нас сега се два меча за кои е важно во каква форма ќе биде репрезентацијата во јуни бидејќи се по напорната сезона. Не треба да стравуваме ни од Турција ни од Грција, ќе зависи од нас, рече Ристовски.