Во Општина Аеродром во паркот „Авион“ денеска ќе се одржи роденденската прослава на Општината на која ќе настапат групите „Прљаво казалиште“ и „Нокаут“.
Хепенингот ќе почне напладне со настап на децата од градинките и основните училишта со ритмички точки, хип-хоп настапи и соло-пеење. Ним ќе им се придружат децата од училиштето „Аква денс“ и хорот „Златно славејче“.
Групата „Нокаут“ ќе настапи од 20:00 до 21:30 часот, а по нив до полноќ концерт ќе одржи позната група „Прљаво казалиште“.
Инаку, покрај забавен, прославата ќе има и хуманитарен карактер