Жител на струшкото село Радолишта платил прекршочни пријави со фалисфикувани две банкарски уплатници во износ од околу 130.000 денари.
Станува збор за М.Д.(51) од село Радолишта, против кого Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична за фалсификување или уништување на деловни книги.
Истрагата утврдила дека осомничениот на први март минатата година, како управител на фирма, изготвил две лажни банкарски уплатници во износ од 98.400 и 29.520 денари, по што во одделението за прекршоци во СВР Охрид ги приложил како доказ за извршена уплата за сторени прекршоци.