Жител од селото Петралица, Крива Паланка, бил уапсен откако полицијата во неговиот автомобил пронашла 11 мигранти, вчера кај Градско.
Како што информира МВР, полициски службеници од ПС за Граничен надзор ,,Михајлово“ и од Одделот за организиран криминал, околу 22 часот, на автопатот А1 Неготино-Градско, кај археолошкиот локалитет Стоби, сопреле автомобил „волво“ со скопски регистарски ознаки. Во тој момент возачот С.А. се обидел да избега, но набргу бил уапсен.
Во возилото биле пронајдени 11 мигранти: еден од Ирак, еден од Пакистан, шест од Авганистан и тројца од Сирија.
За случајот е известен Јавен обвинител.