Во Сараево уапсен 37-годишен маж кој е осомничен за измачување и убивање животни. Потрагата по осомничениот следела откако здружение за заштита на животните на својот Фејсбук профил предупредило за човек кој во центарот на Сараево сексуално злоупотребувал куче, пренесе Кликс.ба.
За тој ужасен чин сведочел граѓанин, кој го пријавил случајот во полиција.
За монструмот се вели дека бил често во алкохолизирана состојба и дека секојдневно се движи по улиците на центарот на градот и злоупотребува животни.
По апсењето, известен е и државниот обвинител.