СДСМ: Нервозниот Мицкоски е дел од матрицата на Груевски, матрица на притицоси врз медиумите

Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг повторно покажа дека е дел од матрицата на Никола Груевски, матрица на притицоси врз медиуми и етикетирање на новинари, се вели во соопштението на СДСМ.

„Дел од таа матрица е и Гордана Сиљановска кандидатката на Мицкоски која не се изјасни и не го осуди чинот на етикетирање и притисоци врз новинари и медиуми. Дали Сиљановска ќе се огради и ќе го осуди ваквиот чин на Мицкоски, кој наиде на осуда и од новинарската фела и од здруженија на новинари? Соочен со слабата поддршка, соочен со извесниот пораз на изборите, Мицкоски станува се по нервозен и во сите бара виновници за поразот што го очекува и на претседателските и на локалните изборисе вели во соопштението на СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави