Португалската фудбалска легенда, Луис Фиго откри нови детали за скандалозниот своевремено трансфер од Барселона во Реал Мадрид.
Тој рече дека ризикувал да плати голема сума пари, во случај дека се откаже од овој трансфер.
– Поминав пет прекрасни години во Барселона, како на личен, така и на спортски план. Но во текот на летото на 2000 година, на изборите за претседател на клубот требаше да победи Гаспар, на кого не му верував сосема. Се стана толку сериозно и ние стигнавме до таму, што мојот агент постигна договор со еден од кандидатите за претседател на Реал Мадрид – Флорентино Перез. Мојот претставник потпиша документ, според кој треба да ги платам сите сезонски билети на „Сантијаго Бернабеу”, во случај да не преминам во Реал, раскажува Фиго, цитиран од „Марка”.
Легендата вели дека лично тој не потпишал ништо, туку само се доверил на зборовите на неговиот агент.
Во Барселона ми рекоа дека можам да заминам, ако донесам добра понуда за себе. Тогаш не го познавав Перез. Кога тој победи на изборите, јас бев на одмор во Сардинија. Мојот агент и адвокатот дојдоа таму и ме убедија за трансферот. Потоа отидовме во Лисабон, каде неколку часа разговарав со Перез. Тогаш се јавив на својата сопруга и реков дека се селиме во Мадрид, заврши Фиго