Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо даде прогнози за реваншите во четвртфиналето на Лигата на шампионите и изјави дека не би биле изненадување евентуални елиминации на Јувентус и Барселона.
– Резултатите покажуваат дека сите тимови имаат шанси. Ниту еден од тимовите не постигна добар резултат пред реваншот, за да мисли дека веќе се пласирал за следната фаза на турнирот. Исто така, за ниту еден тим мисијата не е невозможна. Многу е тешко да дадам прогноза за Манчестер Сити – Тотенхем, но сепак мислам дека Сити ќе се пласира во полуфиналето. Јас имам многу сомнежи. Реално Тотенхем исто така може да се рангира напред. Ќе биде многу тежок натпревар. Сите тимови имаат 12,5% шанса да ја освојат Лигата на Шампионите, изјави Португалецот.