Новозеландски специјалци во Сирија трагаат по медицинска сестра заложник на ИД

Нов Зеланд испратил специјална единица во Сирија за да ја пронајде медицинската сестра Луиза Акави, која беше киднапирана од страна на терористичката Исламска држава пред повеќе од пет години, пренесува „Брејтбарт“.

Деталите за киднапирањето биле чувани во тајност додека Меѓународниот комитет на Црвениот крст во неделата не испрати апел за вести за 62-годишната Акави и за двајцата сириски возачи киднапирани со неа во октомври 2013 година.

Тие биле во конвојот на Црвениот крст што доставувале залихи до амбулантите во Идлиб, северозападна Сирија, кога вооружени лица ги запреле возилата и киднапирале седум лица. Четворица биле ослободени следниот ден.

Вицепремиерот на Нов Зеланд, Винстон Питерс изјави дека информациите за киднапирањето не биле претходно објавени поради страв дека публицитетот би ги ставил киднапираните во поголем ризик. Но тој рече дека се верува оти Акави сѐ уште е заложник на ИД и дека во тек се операции за нејзино лоцирањепоради што е ангажиран мал мултиагенциски тим со седиште во Ирак.

„Во тимот се вклучени припадници на специјалните оперативни сили од НЗДФ (одбранбените сили на Нов Зеланд), а персоналот повремено ја посетува Сирија. Овој тим е специјално окусиран на пронаоѓање на Луиза и изнаожање можности за нејзино враќање”, рече Питерс.

„Њујорк тајмс“ објави дека Црвениот крст има причина да верува оти таа е жива бидејќи најмалку две лица сведочеле дека ја виделе во декември во една клиника во Соуза, едно од последните села што ги држат џихадистите од ИД.

Дел од сведоците велат дека ја виделе во клиники и болници под контрола на ИД, што покажува дека таа веќе не е држена во ќелија и дека можела да ги искористи своите медицински вештини за нега за да добие мала слобода.

Треба да знаете
Последни објави