Пет знаци дека потенцијалниот партнер не е спремен за сериозна врска

Не сите се стремат кон сериозна врска, некои луѓе повеќе преферираат да влезат во љубовни афери во кои сакаат да ја задржат слободата. Финтата е што тешко е од прва да ги препознаете таквите луѓе.

 

Експерт за врски открива пет знаци кои треба да ги препознаете на време, за да не завршите со скршено срце.

1. Самиот кажува дека не сака сериозна врска

Кога момчето ќе ви каже дека не сака сериозна врска немојте да го наговорите да се премисли, ниту да барате длабочина во неговите зборови. На тој начин само ќе го исплашите и ќе го избркате од себе. Размислете дали сакате да останете во таква врска и донесете одлука.

2. Слаба комуникација

Некој кој не е во потрага по сериозна врска нема да има ни потреба секојдневно да комуницира со вас, ниту да разменува пораки. Од друга страна, ако некој маж сака да разговара со вас и да ве запознае, тоа значи дека е спремен за сериозна врска.

3. Сè се сведува на секс

Ако ве бара само во вечерните часови и ве вика на дружење во соба, тогаш од вас веројатно не сака ништо друго освен необврзувачки секс. Ако и вие го сакате само тоа, тогаш супер. Но, ако барате нешто посериозно, време е да тргнете напред.

4. Не е романтичен

Романтиката е неизбежна во почетокот на секоја сериозна врска, а ако тоа го нема меѓу вас, тоа е знак дека тој веројатно не сака нешто сериозно.

5. Не го минува слободното време со вас

Ако избегнува дружење со вас во текот на викендите, празниците и другите слободни денови, тоа може да биде еден од начините на кои се обидува да ви даде до знаење дека не сака ништо сериозно со вас.

Треба да знаете
Последни објави