Гордана Сиљановска, кандидатката на Христијан Мицкоски вчера уште еднаш докажа дека е неискрена, нечесна и лицемерна кон граѓаните. Сиљановска призна дека не верува во сопствениот слоган, призна дека други и го одбрале а таа само го прифатила.
Дури и самата Сиљановска призна дека нејзиниот слоган е контрадикторен за ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја поддржува. Со тоа уште еднаш се потврди дека Сиљановска не ништо повеќе освен продолжена рака на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа уште сега слуша насоки и директиви од белиот дворец. Сиљановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани, таа единствено сака да биде нов Ѓорге Иванов, нов партиски послушник што ќе ги следи насоките од белиот дворец и Будимпешта.
Граѓаните нема да дозволат кандидат кој не верува ниту во сопствените постулати на програмата, кој е неискрени и нечесен да застане на чело на државата.
Затоа граѓаните на изборите ќе изберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој обединува и води напред кон прогрес и интергација во ЕУ и НАТО.