Полицијата во Бутел трага по четворица разбојници кои утрово ограбија екпозитура на Тутунска банка на улицата Ферид Бајрам. Автомобилот „голф 5“ со кој по грабежот избегале арамиите е пронајден запален во близина на гробиштата во близина на реката Серава.
Од МВР само потврдуваат дека е извршен грабеж, а нема детали за колкава сума на пари станува збор. При разбојништвото бил повреден обезбедувач на банката.