Девојка од Косово била пронајдена во комбе на ГП Блаце, информира МВР.
Полицијата завчера околу 21.45 часот на ГП „Блаце“, на паркинг во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С.(49) од скопското село Глумово, било пронајдено женско лице без документи за идентификација.
Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека се вика Н.С.(18) од Косово. Девојката била однесена во Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.