ДПМ на книжевна вечер ќе ги претстави 13-те нови членови

Друштвото на писателите на Македонија вечер од 19 часот организира книжевна вечер на која ќе бидат претставени 13-те нови негови членови преку кус разговор и со читање сегменти од нивното творештво.

Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковилоски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузана В. Спасовска, Ана Стојановска, Снежана Стојчевска и Билјана С. Црвенковска се тринаесеттемина нови членови на ДПМ кои минатиот месец беа избрани на јавен повик  на кој биле пријавени 47 кандидати.

Треба да знаете
Последни објави