Над 200 лица се евакуирани од спортско училиште во западна Москва поради експлозивна направа од Втората светска војна, која била пронајдена на градилиште во близина.
Како што пренесе „ТАСС“, од зградата на училиштето биле евакуирани 190 ученици и 30 наставници.
„Децата се пуштени дома“, изјави соговорник за руската агенција.