„Заедно напред!” во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Куманово

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!” денеска ќе биде на средби со граѓаните во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Куманово.
Пендаровски во 15 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Старо Нагоричане, а во 16.30 часот се сретне со граѓаните на Ранковце.
Во 17.50 часот, Пендаровски ќе има учествува на граѓанска трибина на градскиот плоштад во Крива Паланка.
Во 20.10 часот на градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи централниот настан граѓански митинг, каде свое обраќање ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а пренос во живо од овој настан ќе може да се проследи на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.
Треба да знаете
Последни објави