На 16.04. (вторник) со почеток во 19.00 часот во просториите на Јавна Соба ќе биде отворена еднодневната самостојна изложба со наслов “Dear life I love you” од Сузана Конеска.
На изложбата ќе бидат поставени над 60 дела изработени во декупаж техника, микс медиа на платно и акрил на платно. Ова е трета самостојна изложба на авторката.
Добредојдени се сите љубители на уметност, добра музика и пријатна дружба. Изложбата е отворена до 23.00 часот.