Членката на американскиот Конгрес од редовите на демократите Илхан Омар денеска изјави дека сè повеќе ѝ сезакануваат со смрт, откако американскиот претседател Доналд Трамп на својот Твитер објави видеоснимка во која таа негираше дека во 2011 година имало терористички напад во Њујорк.
„Тоа ги загрозува животите и мора да престане”, рече Омар, обвинувајќи го Трамп за поттикнување на десничарскиот екстремизам, објави АП.
Таа додаде дека насилничките злосторства и други дела од омраза на десничарските екстремисти и бели расисти се во пораст во САД и во целиот свет.
„Ние повеќе не можеме да го игнорираме охрабрувањето од највисокиот службеник во земјата. Сите ние сме Американци”, рече Илхан Омар.
Нејзината изјава дојде откако членката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, објави дека презела чекори за да ја осигура безбедноста на членката на Конгресот и го покани Трамп да го отстрани видеото.
Набрзо по изјавата на Пелоси и видеото беше отстрането како пинуван твир, но тоа не беше избришано.
Сепак, Ненси Пелоси објави дека ќе продолжи да ги следи заканите упатени до Омар и го повика Трамп да не го охрабрува таквото однесување.
Трамп објави видео во кое Омар изјави за нападот на 11 септември 2001 година дека „некои луѓе направиле нешто”.