Двајца насилници со нож проболе 19-годишник и тешко го повредиле вчера во населбата Шуто Оризари.
Според полицијата, вчера во 22.55 часот било пријавено дека К.М.(19) од Скопје во дворот на ОУ „26-ти Јули“ во населба .Шуто Оризари бил нападнат од две лица, кои му нанеле и убодна рана со остар предмет.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.