Осомничениот на 10 април годинава, на улицата Орце Николов во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, се обиделе да украдат луксузен џип „ренџ ровер“ во вредност од 90.000 евра.
Осомничениот со штрафцигер го скршил задното десно стакло на џипот, влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го фатил крадецот на дело.
„Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи“, велат од ОЈО.