Најмалку 147 лица загинаа, а околу 614 се повредени за време на надамнешните воени активности во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација.
СЗО на својот профил на „Твитер“ објави и дека испратиле лекарски тимови за да помогнат во болниците во Триполи, пренесе „ТАСС“.
Во Либија во моментов постојат две влади – меѓународното признатата која ја предводи Фајез ал-Сараџ и владата со седиште на истокот од земјата, која ја предводи Калифа Хафтар.
На почетокот на април, Хафтар објави дека почнува воена операција за да го ослободи Триполи и ги повика граѓаните да му се приклучат. Од другата страна, Фајез ал-Сараџ нареди целосна подготвеност на војската за да се заштитат цивилите.
Борбите кои ги водат двете страни и понатаму се одвиваат на периферијата на Триполи.