– Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека искуството од натпреварите со Пари Сен Жермен ќе помогне на фудбалерите против Барселона.
Во осминафиналето Јунајтед загуби 0:2 дома од парижаните, но како гостин победи со 3:1. Утре, „црвените ѓаволи” го посетуваат „Камп Ноу” во четвртфиналниот реванш дуел откако губеа со 0:1 во првиот натпревар.
– Спомените од Париз ќе помогнат на играчите. Тие покажуваат дека можеме да го свртиме натпреварот. Се разбира, Барселона на „Камп Ноу” е тежок противник, но ситуацијата ни е за еден гол подобра, отколку приПСЖ. Треба да сме фокусирани и уверени кога имаме шанси да одбележиме гол. Зашто ќе ги создадеме. Ќе треба да земеме длабок здив и да ги реализираме. Мораме да играме подобро и да го покажеме нашиот фудбал. Не ми е гајле ако постигнеме победа во 93 минута, бидејќи ако се стигне до дополнително време, тогаш тоа значи дека сме во добра форма, рече Солскјер на пресот пред утрешниот меч.