Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, денеска се сретна со претставници од Зелената партија на Република Австрија.
За време на средбата беше поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји од аспект на интензивниот политички дијалог и засилената парламентарна соработката со реализирање на тековни проекти.
Заменик министерот Жерновски стави акцент на силната и конструктивна поддршка на Австрија за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија и ја истакна важноста на австриската поддршка пред јунскиот Самит на ЕУ.
Воедно, информираше за внатрешно-политичките состојби во Северна Македонија, за претседателските избори, како и за амбициозната агенда на Владата во поглед на исполнувањето на реформите во судството, борбата против корупцијата, медиумите и разузнавачките служби.
Претставниците од Зелената партија се осврнаа на билатералните односи меѓу двете земји, кои се развиваат со силен интензитет во повеќе општествени сфери на делување. Изразија поддршка на надворешно – политичките приоритети на Република Северна Македонија, посебно во делот за добивањеодлука за почеток на преговори на претстојниот Самит на ЕУ.