Тајгер Вудс го комплетираше најголемиот кам-бек во голфот и еден од најголемите во било кој спорт, откако ја освои својата прва гренд слем титула во голф по 11 години по петтиот триумф на Мастерсот во Џорџија, облекувајќи ја славната зелена јакна.
43-годишниот Вудс во последната рунда влезе со заостанување зад лидерот Франческо Молинари, но притисокот го направи своето и топчето на Молинари двапати заврши во водата за да дозволи Вудс да го комплетира триумфот, негов 15-ти на големите турнири.