Финишира пролетната дератизација која изминативе две седмици Општина Кисела Вода ја спроведуваше во соработка со Центарот за јавно здравје.
Со дератизацијата во сите месни и урбани заедници на територијата на општината беа опфатени 1960 шахти.
Локалната самоуправа два пати годишно, на пролет и на есен спроведува акции за уништување на штетните глодачи.