Кога Рамон Прајс ја подигнал слушалката од телефонот, чул паничен крик .
„Тато, само моли се“, му рекла низ солзи неговата ќерка. Таа му објаснила дека неговиот четиригодишен внук, Навон Џексон, пронашол пиштол во домот на семеен пријател во Оукленд и случајно се застрелал во главата.
Детето веднаш беше префрлено во блиската болница и било примено во одделението за интензивна нега. Ситуацијата се чинеле премногу страшна, а семејството се плашело дека поради огнено оружје ќе изгуби уште еден, петти по ред, член, пишува Си-ен-ен.
Неколку недели по несреќата што се случила на 27 март, Навон е подобра и стабилна состојба, но неговата мајка се уште нема сили да се зборува за она што се случило.
Се чини дека малите Навон случајно пронашол пиштол во домот на нивниот пријател Теренс Вилсон, на кого властите му забраниле поседување на огнено оружје, заради претходни кривични дела. Според информациите од други медиуми, Вилсон го чувал наполнетиот пиштол под перница.
Роднина на малото момче, Џамелија Ленд, рекла дека Навон бил во кома, а семејството во солзи чекало дали тој повторно ќе ги отвори очите.
„Сега е стабилна состојба, жив, но има трајно оштетување на мозокот“, рекла Ленд.
„Се надеваме дека наскоро ќе биде подобро и ќе ја напушти болницата, но поради неговата повреда, никогаш веќе нема да биде исто“, додала таа.
Инаку, семејството на Навон има трагична историја токму поради користењето на огнено оружје.
Неговиот татко, Нејтан Џексон, тројца браќа и сестра биле убиени. Нариј Џексон (18) бил застрелан од член на банда во 2010 година во Западен Оукленд. Една година подоцна, Најон Џексон (16) бил убиен со огнено оружје во дворот пред куќата на неговата баба во Источен Оукленд. Минатата година, непознат сторител ја убил неговата сестра Елисе Мекфи (21) додека била во автомобил.