Леа Мембреј е дваесетгодишна девојка од Нов Зеланд родена како момче.
Од мала знаела дека е „родена во погрешно тело“. Неговите врсници го задевале на училиште, викајќи го геј. Леа од 17 години одлучила својата семена течност да ја остави во банка, а потоа да го промени полот.
Неодамна дозна дека во иднина ќе може да има свое дете од половина ДНК.
-Никогаш навистина не знаев која сум, ниту знаев било што за трансродните личности се додека не завршив средно училиште. Се сеќавам на една журка на која запознав преубава девојка која тогаш ми призна дека е родена како момче, што за мене, тогаш како адолесцентка, беше апсолутен шок. Не верував дека трансродна жена може да изгледа така убаво. Тогаш добив идеја да го направам истото, истакнува Леа за Дејли Меил.
Таа сега има 20 години и веќе три години се занимава со трансформација на своето тело, во кое досега вложила 5.200 долари.