Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 22 април 2019 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.