Пожарот во една од најпознатите катедрали во светот Нотр Дам, која се наоѓа во Париз, сè уште беснее. Локалните медиуми пренесуваат дека се урнала главната кула и дел од покривот.
Француските медиуми пренесоа изјави на пожарникари кои изразиле сомнеж дека пожарот кој избувна попладнево е потенцијално поврзан со реконструкцијата на катедралата што е во тек.
Катедралата Нотр Дам се реновира, а реконструкцијата вреди 6 милиони евра, некои нејзини делови биле покриени со скелиња, додека бронзените статуи биле отстранети минатата недела.
Телевизијата „Франс 2“ извести дека полицијата случајот го води како инцидент.
BREAKING: Large fire breaks out in the iconic Notre Dame cathedral in Paris, authorities say. https://abcn.ws/2UG6dGH
„Во катедралата Нотр Дам во Париз во тек е застрашувачки пожар“, наведе на „Твитер“ градоначалничката на Париз, Ан Хидалго.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека го одложува обраќањето на нацијата поради страшниот пожар во Нотр Дам.