Двајца мажи биле уапсени во северозападниот дел од Јужноафриканската Република откако во нивиот автомобил биле пронајдени 167 рогови од носорог, објави полицијата.
Властите добиле дојава за значаен број рогови и ги фатилe мажите.
Запленетите рогови биле наменети за пазарите во југоисточниот дел од Азила и имале голема парична вредност, истакна полицијата во земјата.
Меѓународната трговија со рогови од носорози е забранета во последните четири децении, но и понатаму се случува. Секоја година само во Јужноафриканската Република се убиваат илјадници носорози.