Брачна двојка од Луизијана, чистејќи го својот стан пред Денот на благодарноста, пронајде добитно ливче од лотарија.
Тина Еренберг истакна дека пронашла многу ливчиња во ноќното орманче за време на чистењето на домот, кој го подготвувале за семејна прослава на Денот на благодарноста.
Едно од пронајдените ливчиња, речиси две недели пред истекот на рокот, имало добивка од 1,8 милион долари.
– Ги проверивме бројките безброј пати – изјави Харолд Еренберг.
Тој додаде дека постојано очекувале нешто лошо да се случи пред официјално да ја земат наградата.
Двојката живее во Мандевил, гратче во близина на главниот град Батон Руж. По одбивањето на државниот и сојузниот данок, ќе им останат 1,3 милион долари, кои ќе ги чуваат за пензионерски денови.
– Не планираме некои огромни пазарувања ниту големи патувања – вели госпоѓата Еренберг.