Индиски и пакистански војници уште еднаш разменија жесток оган по линијата на контрола (ЛоЦ) во областа Раџури во најсеверната држава Џаму и Кашмир, пренесува „Спутник“.
„Жестоката размена на артилериски и оган од лесно оружје се случи околу 8:15 часот по локално време во секторот Ноушера во Раџури”, изјави владин претставник.
Во петокот четворица Индијци, вклучувајќи и девојка, беа повредени во гранатирањето во истурените области на секторот Сваџин од Пун во Џаму и во Кашмир.
Минатата недела индиската армија тврдеше дека од средината на февруари регистрирала најмалку 513 прекршувања на прекинот на огнот од страна на Пакистан, по должината на ЛоЦ во Џаму и Кашмир.
Тензиите меѓу соседите ескалираа по терористичкиот нападво Пулвама на 14 февруари, во кој беа убиени најмалку 14 индиски војници. Џаиш-е-Мохамед, терористичка група со седиште во Пакистан, ја презеде одговорноста за нападот, а индиската влада го обвини Исламабад за засолнување и спонзорирање на исламистичките терористи.
„Во изминатиот месец и половина се случија речиси 513 прекршоци на прекинот на огнот, а повеќе од 100 пати за време на овие прекршувања пакистанската армија користеше тешко оружје како минофрлачи и артилериско оружје и таргетираше цивилни области. Само вчера (петок), четворица цивили , вклучувајќи и две девојчиња, беа повредени во Пун”, изјави генерал-полковник Парамџит Синг, командантот на корпусот „Бели витези“.
Индиската армија, исто така, тврди дека пакистанската армија претрпела пет до шест пати повеќе жртви отколку нејзините сили во одмаздничките напади.